Дела Ап. 2:40-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“

41. Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните.

42. Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви.

43. Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази.

44. Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко.

Дела Ап. 2