Дела Ап. 2:32-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. Бог Го воскресна Исуса и сите ние сме сведоци за тоа.

33. Откако беше вознесен и поставен од десната страна на Бог, и откако го прими Светиот Дух што Му беше ветен од небесниот Татко, Го излеа врз нас, како што вие сега гледате и слушате.

34. Зашто, самиот Давид не се вознесе на небото, а сепак рече: “Му рече Јахве на мојот Господ: ,Седни на почесното место, од Мојата десна страна,

35. додека не ги претворам Твоите непријатели во чергиче што ќе го газат стапалата Твои!‘“

36. Затоа нека знаат сите Израелци и нека бидат уверени дека Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Месија!“

Дела Ап. 2