Дела Ап. 2:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. (Евреи и прозелити), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“

12. Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“

13. Други, пак, се потсмеваа и велеа: „Пијани се! Се изнапиле слатко вино!“

14. Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам:

15. Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро.

Дела Ап. 2