Дела Ап. 17:27-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. за да Го бараат Бога, да допрат до Него и да Го најдат, зашто Тој е близу до секој од нас!

28. Бидејќи Тој ни овозможува да живееме, да се движиме и да бидеме тоа што сме. Како што вели и еден од вашите поети: ,Ние сме Негови деца.‘

29. Затоа, штом знаете дека сме Божји чеда, не треба да мислиме дека идолите се богови. Тие се само злато, сребро или камен, обликувани со вештината и според замислата на обични луѓе.

30. Не земајќи го предвид времето кога луѓето не го знаеле ова, Бог сега им порачува на сите луѓе, насекаде, да се одвратат од идолите и да се свртат кон Бог.

Дела Ап. 17