Дела Ап. 16:34-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

34. Ги одведе горе, во својата куќа, постави пред нив трпеза, па тој и сите негови домашни многу се радуваа што поверуваа во Бог.

35. Кога се раздени, градските судии испратија службеници да му речат на чуварот: „Ослободи ги тие луѓе!“

36. Чуварот му ги пренесе овие зборови на Павле: „Судиите ми наредија да ве ослободам, затоа слободно одете си.“

37. Меѓутоа, Павле им одговори: „Ние сме римски граѓани, а властите наредија јавно да не тепаат, без да ни се суди. Потоа не затворија. Зар сега сакаат тајно да не ослободат? Не може така! Нека дојдат судиите и тие лично нека не ослободат!“

Дела Ап. 16