Дела Ап. 16:25-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.

26. Одеднаш силен земјотрес ги измести темелите на затворот; сите врати се отворија и прангите на сите затвореници им паднаа од нозете.

27. Чуварот се разбуди и кога виде дека вратите на затворот се отворени, го извади мечот за да се убие, мислејќи дека затворениците избегале.

28. Тогаш Павле силно викна и му рече: „Немој да се убиваш! Сите сме овде!“

29. Чуварот побара ламба и влезе внатре треперејќи, па клекна пред Павле и Сила.

30. Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“

Дела Ап. 16