Дела Ап. 12:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Го фати Петра, го затвори и нареди четири групи од по четири војници да го чуваат, а по Пасхата да го изведе на јавно судење пред народот.

5. Додека Петар беше в затвор, целата црква сесрдно Му се молеше на Бог за него.

6. Ноќта, пред Ирод да го изведе на суд, Петар спиеше меѓу двајца војници, врзан со два син?ира, а пред вратата на затворот стоеше стража.

7. Одеднаш, ангел Господов му пријде и светлина болсна во ќелијата. Го потчукна по рамото и го разбуди, велејќи му: „Станувај брзо!“ Тогаш син?ирите паднаа од неговите раце,

8. а ангелот му рече: „Препаши се и обуј си ги сандалите!“ Петар го послуша. Потоа му рече: „Префрли си ја наметката и оди по мене!“

9. Така Петар излезе од затворот, следејќи го ангелот, и не беше свесен дека тоа што се случува е на јаве, туку мислеше дека сонува.

Дела Ап. 12