Дела Ап. 11:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Во меѓувреме, христијаните што се беа распрснале поради прогонствата што настапија по убиството на Стефан, и беа стигнале до Феникија, Кипар и Антиохија, не им ја проповедаа Радосната вест на другите народи, туку само на Евреите.

20. Имаше само неколкумина од Кипар и Кирена, кои, откако стигнаа во Антиохија, им проповедаа и на Грците дека Исус е Господ.

21. Силата Господова беше со нив и голем број поверуваа и се обратија кон Господ.

Дела Ап. 11