2 Тимотеј 3:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани,

13. а злите луѓе и измамниците ќе стануваат се полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани.

14. Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше.

15. Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос.

2 Тимотеј 3