2 Тимотеј 2:22-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Бегај од искушенија својствени за млади луѓе! Стреми се кон праведност, вера, љубов и мир, заедно со оние што со чисто срце Го повикуваат Господ.

23. Не учествувај во глупави и бесмислени расправии. Тие само доведуваат до кавги.

24. Човек што Му служи на Бог не треба да се кара, туку да биде љубезен спрема сите, да ги поучува, да биде трпелив,

25. кротко да ги поучува оние што и се противставуваат на вистината. Можеби Бог ќе им помогне да се покаат и да ја сфатат вистината.

26. Тогаш ќе си дојдат на себеси и ќе се извлечат од стапицата во која ги има фатено Ѓаволот и ги има натерано да ги извршуваат неговите наредби.

2 Тимотеј 2