2 Солунјаните 3:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Понатаму, драги пријатели, молете се за нас. Молете се најнапред учењето за Господ брзо да се шири, па и другите да го почитуваат она што го почитувате вие.

2. Молете се да не паднеме во рацете на лоши и злобни луѓе, зашто сите луѓе немаат вера во Господ.

3. Но, во Господ можете да имате доверба. Тој ќе ви даде сила и ќе ве чува од Злиот.

4. Господ ни дава увереност дека она што ви го наложивме го правите и ќе продолжите да го правите.

5. Се молам Господ да ви ги насочува срцата кон исполнување со љубов, онака како што Бог е полн со љубов, и кон трпеливост, онака како што Христос е трпелив.

2 Солунјаните 3