2 Солунјаните 1:11-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Вас Бог ве одбра и ние постојано се молиме за вас, Бог да ве направи достојни за тој позив. Се молиме Бог да ви даде сила да ги извршите сите добри дела што посакувате да ги направите и што верата ви налага да ги правите.

12. Така, заради тоа што нашиот Бог и Господ Исус Христос беше толку благонаклонет спрема вас, вие ќе му донесете слава на името на нашиот Господ Исус, а и Тој вам ќе ви донесе слава.

2 Солунјаните 1