2 Петар 2:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Но имаше и лажни пророци меѓу Израелците, како што и меѓу вас ќе има и лажни вероучители. Тие подмолно ќе воведуваат погубни ереси, свртувајќи се дури и против Господарот што ги откупи. Така тие брзо ќе навлечат врз себе уништување.

2. Многумина ќе тргнат по нивните срамни патишта и заради нив лошо ќе се зборува за Патот на вистината.

3. Поради алчност ќе измислуваат разни прикаски, само за да извлечат од вас материјална корист. Но Бог уште одамна им пресудил на таквите. Уништувањето нив будно ги чека.

2 Петар 2