9. Вие знаете каков милосрден дар ни даде нашиот Господ Исус Христос! Иако беше богат, заради вас Тој стана сиромашен, та преку Неговата сиромаштија вие да станете богати.
10. Пред една година вие први почнавте да давате прилози и го правевте тоа од се срце. Затоа ви препорачувам сега да го довршите тоа дело; тоа ќе биде добро и за вас.
11. Довршете ја оваа работа со истата ревност со која и ја започнавте. Дајте толку колку што можете.
12. Ако постои добра волја, таа се цени според можностите на секој дародавател. Никој не очекува да дадете нешто што немате.
13. Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост.