2 Коринтјаните 4:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос.

7. Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела. Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.

8. Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж.

9. Прогонувани сме, но Бог не не оставил. Не соборуваат наземи, но не сме уништени.

2 Коринтјаните 4