2 Коринтјаните 2:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне.

8. Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека се уште го сакате!

9. Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства.

10. А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас. А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос.

2 Коринтјаните 2