2 Коринтјаните 10:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Сега јас, Павле, лично ве молам со кроткост и љубезност какви што би покажал Христос, да ме послушате, иако некои од вас зборувале дека сум бил строг, кога сум далеку од вас, а малодушен кога сум кај вас.

2. Не би сакал да бидам принуден да покажам строгост спрема оние што тврдат дека нас не водат телесни мотиви.

3. Ние сме од крв и месо, ама не војуваме со телесни, световни методи.

4. Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја. Со нив ги уриваме сатанските упоришта

2 Коринтјаните 10