1 Тимотеј 4:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.

11. На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.

12. Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани.

1 Тимотеј 4