9. Мора да имаат чиста совест и цврсто да се држат до начелата на христијанската вера кои сега ни се откриени.
10. Пред да бидат назначени за ѓакони, тие треба да се докажат како луѓе без пороци.
11. Исто така и нивните жени треба да бидат сериозни. Не треба да се занимаваат со озборување, не треба да бидат избувливи, туку треба да бидат верни во секој поглед.
12. Секој ѓакон треба да и биде верен на својата сопруга, добро да си ги воспитува децата и добро да го води сопственото домаќинство.