1 Тимотеј 2:8-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Затоа, каде и да се собирате, од мажите барам да креваат чисти раце кон небото и да се молат ослободени од лутина и препирки.

9. Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.

10. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.

11. Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.

12. Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,

13. зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,

14. а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.

1 Тимотеј 2