5. Целта на нашето предупредување е тамошните христијани да научат да сакаат искрено и од се срце, да имаат чиста совест и искрена вера.
6. Некои учители застранија од ова и се свртеа кон празни мудрувања.
7. Сакаат да бидат учители на Мојсеевиот Закон, а не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту пак она што го тврдат со толкава самоувереност!
8. Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри.
9. Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците. Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават се што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители!
10. Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите. Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење