1 Солунјаните 4:16-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Господ Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат;

17. потоа ние што сме живи, заедно со нив, ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ и засекогаш да останеме со Него.

18. Затоа, утешувајте се и охрабрувајте се меѓусебно со овие зборови.

1 Солунјаните 4