1 Солунјаните 4:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. За крај, драги пријатели, сега кога Му припаѓате на Господ Исус, ве молиме и ве повикуваме да живеете богоугодно, онака како што ве учевме. Вие веќе сега живеете така, но трудете се уште повеќе.

2. Потсетувајте се на упатствата што ви ги дававме како на следбеници на Господ Исус.

3. Бог сака вие да бидете свети - да се чувате од блуд.

4. Секој треба да умее да го контролира своето тело, за да биде свето и за почит.

5. Немојте да им робувате на вашите необуздани страсти, како што прават луѓето што не Го познаваат Бога.

1 Солунјаните 4