1 Солунјаните 3:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Веќе не можевме да издржиме. Решивме само ние да останеме во Атина,

2. а кај вас да го пратиме нашиот брат Тимотеј. Тој работи со нас за Бог и ни помага во проповедањето на Радосната вест за Христос. Сакавме тој да ве охрабри и да ја зацврсти вашата вера.

3. Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии. Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме.

4. Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи. Така и се случи.

5. Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера. Страхував Сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме.

1 Солунјаните 3