1 Петар 4:13-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Радувајте се што преку страдањата се идентификувате со Христос. Затоа, пак, ќе се радувате и веселите кога ќе се открие Неговата слава.

14. Ако ве навредуваат поради тоа што сте Христови следбеници, тоа треба да ве радува! Тоа е доказ дека величествениот Божји Дух е во вас.

15. Срамота е ако некој од вас биде казнет за убиство, за кражба, за злосторство или за правење сплетки,

16. но ако страдате поради тоа што сте христијани, немојте да се срамите. Напротив, бидете Му благодарни на Бог што го носите Христовото име!

17. Бог веќе почна да суди и тоа најпрво меѓу Своите следбеници. Ако ние, христијаните сме судени, каков ли ќе им биде крајот на оние што и се противат на Божјата Радосна вест!?

18. „Ако праведните одвај се спасуваат, што ли ќе биде со безбожните и грешните!?“

19. Заради тоа, оние што страдаат извршувајќи ја Божјата волја, нека Му ги доверат своите души на својот Творец, Кој никогаш не изневерува, и нека продолжат да прават добро.

1 Петар 4