1 Коринтјаните 4:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Се до овој миг ние сме и гладни и жедни, во партали, тепани, без постојано место на живеење.

12. Работиме до изнемоштеност и се издржуваме од трудот на сопствените раце. Луѓето не навредуваат, а ние ги благословуваме. Не прогонуваат, а ние трпеливо поднесуваме.

13. Не напаѓаат, а ние одговараме со љубезни зборови. Се однесуваат спрема нас како да сме отпадок, како смет исфрлен од сите, се до денешен ден.

14. Не ви го пишувам ова за да ве посрамам, туку да ве посоветувам како мои мили деца.

15. Дури и да имате десет илјади учители што ќе ве поучуваат за Христос, имате само еден духовен татко. Јас ви ја донесов Радосната вест за Исус Христос и така станав ваш духовен татко.

1 Коринтјаните 4