1 Коринтјаните 2:8-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. За жал, никој од денешните владетели не ја разбра, зашто да ја беа разбрале немаше да го распнат нашиот величествен Господ.

9. Ние го проповедаме она што во Светото Писмо е опишано вака: „Око човечко не видело, уво човечко не слушнало, ниту пак човечкиот ум можел да го замисли тоа што Бог го има приготвено за оние што Го сакаат.“

10. А нам Бог ни го има откриено тоа преку Својот Дух. Божјиот Дух знае се, вклучувајќи го и она што е длабоко во Божјиот ум.

11. Зашто, како што ниеден човек не може да му ги знае мислите на друг човек, освен неговиот сопствен дух, така никој не може да ги знае Божјите мисли, освен Божјиот Дух.

12. А Бог ни Го даде токму Својот Дух (не духот на овој свет), за да ги знаеме сите работи што ни ги подарил Тој.

1 Коринтјаните 2