1 Коринтјаните 15:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници заедно, од кои повеќето се уште се живи, иако некои веќе починаа.

7. Потоа му се јави на Јаков, а на крајот повторно на сите апостоли.

8. Најпосле, по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче.

9. Јас се сметам за најмал меѓу апостолите. Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата Црква.

1 Коринтјаните 15