1 Коринтјаните 15:39-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните, птиците и рибите.

40. Постојат и небесни и земни тела, но славата на небесните тела е различна од убавината на земните тела.

41. Сјајот на Сонцето се разликува од сјајот на Месечината; поинаков е, пак, сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите меѓусебно се разликуваат по својот сјај.

42. Слично ќе биде и со воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело.

43. Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело.

44. Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело.

45. Во Светото Писмо пишува: „Првиот човек, Адам, стана жива душа.“ А Христос, Кој може да биде наречен „Последниот Адам“, е Дух што дава живот.

1 Коринтјаните 15