1 Коринтјаните 1:28-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Бог ги одбра оние што не се од благородничко потекло и оние што се презрени во овој свет, за да ги направи ништожни оние што овој свет ги смета за многу важни.

29. Така ниеден човек не ќе може да се фали пред Бог.

30. Бог ви овозможува и вам да се спасите преку Исус Христос, Кој стана наша мудрост од Бога, ни ја подари Својата праведност, не направи свети и ја плати цената за да не откупи.

31. Затоа, во Светото Писмо е напишано: „Кој сака да се фали, нека се фали само со она што го стори Господ.“

1 Коринтјаните 1