1 Коринтјаните 1:11-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Од семејството на Хлое ме известија дека меѓу вас, драги мои, има поделби.

12. Едни сте викале: „Јас сум Павлов!“ други: „Јас сум Аполосов!“, трети: „Јас сум Петров!“, четврти: „Јас сум Христов!“

13. Зар Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Во името на Павле ли бевте крстени?

14. Благодарен сум Му на Бог што, освен Крисп и Гај, јас не крстив ниту еден од вас,

15. за да не рече некој дека е крстен во мое име.

16. (Да, ги крстив и членовите на семејството на Стефан, а не се сеќавам дали сум крстил уште некој.)

17. Христос не ме испрати да крштавам, туку да ја проповедам Радосната вест, и тоа не со мудри говори, за да не се омаловажи силата на делото што го изврши Христос на крстот.

18. Проповедањето за смртта на Исус на крстот им звучи бесмислено на луѓето што се на патот кон пропаста, но за нас што сме на патот на спасението тоа претставува Божја сила.

19. Во Светото Писмо, Бог вели: „Ќе ја уништам човечката мудрост, ќе ги отфрлам нивните најостроумни идеи.“

20. Зашто, ни филозофите, ни законодавците, ниту научниците на овој свет не не спасија! Бог ни покажа дека мудроста на овој свет е далеку од мудрост!

1 Коринтјаните 1