18. Знаеме дека ниедно Божјо чедо не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син го чува и Ѓаволот не може да допре до него.
19. Ние, христијаните, знаеме дека потекнуваме од Бог, а световните луѓе се под власта на Ѓаволот.
20. Знаеме и дека Божјиот Син дојде и ни даде разум за да Го препознаеме вистинскиот Бог. Затоа ние сме во единство со вистинскиот Бог и со Неговиот Син, Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог, Тој е вечниот живот.
21. Чеда Божји, чувајте се од идоли!