1 Јован 4:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов.

9. Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него.

10. Тоа е вистинска љубов. Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.

11. Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг.

1 Јован 4