1 Јован 4:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Драги мои, треба да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта доаѓа од Бог. Секој што ги сака луѓето докажува дека е Божјо чедо и дека Го познава Бога.

8. Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов.

9. Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него.

1 Јован 4