1 Јован 2:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Тој е помирителната жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.

3. По што ќе се знае дека сме Божји луѓе? По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди!

4. Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него.

5. Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе.

6. Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.

1 Јован 2