Втзакон. (5 Moj.) 6:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Овие зборови што денес ти ги заповедам, нека ти се врежат во срцето.

7. Напомнувај им ги на своите синови. Зборувај им за нив кога седиш дома во својата куќа и кога одиш патем; кога легнуваш и кога стануваш.

8. Врзи ги на својата рака за знак, и нека ти бидат како запис меѓу очите!

9. Напиши ги на довратниците на својата куќа и на своите врати!

10. А кога Господ, твојот Бог, ќе те доведе во земјата за која им се заколна на твоите татковци, на Авраама, на Исака и на Јакова, дека ќе ти ја даде тебе: - со големи и убави градови, што не ги ѕидаше;

Втзакон. (5 Moj.) 6