Втзакон. (5 Moj.) 31:23-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Му наложи на Навиновиот син Исус: „Охрабри се и биди одлучен! Зашто ти ќе ги воведеш Израелевите синови во земјата за која им се заколнав. И Јас ќе бидам со тебе.”

24. Кога Мојсеј ги напиша зборовите на овој Закон во книжен свиток,

25. тогаш им нареди на левитите, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет:

26. „Земете го книжниот свиток на овој Закон и положете го во Ковчегот на Господовиот Завет. Таму нека биде сведок против тебе!

27. Та јас ги знам твојата бунтовност и твојот корав врат. Еве и денес, додека уште живеам со вас, се буните против Господа. А како не ќе се буните кога ќе умрам!

Втзакон. (5 Moj.) 31