Втзакон. (5 Moj.) 28:40-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. Ќе имаш маслинки на целото свое подрачје, но нема да се намачкаш со масло, зашто маслинките ќе ти паѓаат.

41. Ќе раѓаш синови и ќерки, но нема да бидат твои, зашто ќе одат во ропство.

42. Сите твои дрва и родот на твојата земја ќе станат плен на бубачките.

43. Придојденикот, кој ќе биде во твоја средина, ќе се воздигне над тебе, а ти ќе паѓаш сè пониско и пониско.

44. Тој ќе ти дава на заем, а не ти нему; тој ќе биде глава а ти опашка.

45. Сите овие проклетства ќе те снајдат, ќе те гонат и ќе те достигнат додека не те уништат, зашто не го слушаше гласот на Господа, својот Бог, ниту ги пазеше Неговите заповеди и закони, што ти ги даде.

Втзакон. (5 Moj.) 28