Втзакон. (5 Moj.) 27:5-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Таму изгради Му и жртвеник на Господа, својот Бог - жртвеник од камења, врз кои не си спуштил железо.

6. Жртвеникот на Господа, својот Бог, изгради го од неделкани камења. На него принесувај Му паленици на Господа, својот Бог.

7. Принесувај и помирителни жртви и јади ги таму, радувајќи се пред Господа, својот Бог.

8. Напиши ги на тие камења сите зборови на овој Закон: врежи ги добро.”

9. Потоа Мојсеј и левитските свештеници му рекоа на сиот Израел: „Внимавај, Израеле, и слушај! Денес стана народ на Господа, својот Бог.

10. Затоа слушај го гласот на Господа, својот Бог, и извршувај ги Неговите заповеди и Неговите закони, што ти ги заповедам денес.”

11. Во оној ден Мојсеј му нареди на народот:

12. „Кога ќе поминете преку Јордан, овие племиња: Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Јосиф и Венијамин, нека застанат на гората Гаризим за да го благословуваат народот.

13. А овие: Рувим, Гад, Асир, Завулон, Дан и Нефталим нека застанат на гората Евал за да проколнуваат.

14. Тогаш левитите нека го преземат зборот и нека им речат со силен глас на сите Израелци:

Втзакон. (5 Moj.) 27