Втзакон. (5 Moj.) 19:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. и ако ги пазиш и вршиш сите овие заповеди што ти ги заповедав денес, и Го љубиш Господа, својот Бог, и одиш по Неговите патишта за сето време - тогаш кон овие градови додај уште три града:

10. така не ќе се пролева невина крв во твојата земја која ти ја дава Господ во наследство, и не ќе се извалкаш со крв.”

11. „Но ако некој го мрази својот ближен и го дебне, скокне на него и го убие, а потоа избега во еден од тие градови,

12. тогаш старешините на оној град нека го изведат убиецот и нека го предадат во рацете на крвниот одмаздник за да го погуби.

13. Твоето око нека не го сожалува! Така, во Израел, ќе го искорениш пролевањето на невина крв, и ќе бидеш среќен.”

Втзакон. (5 Moj.) 19