Втзакон. (5 Moj.) 19:4-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Ова е случај во кој убиецот може да пребега таму и да го спаси својот живот: кога некој го убие својот ближен неволно, а да не го мразел пред тоа;

5. пример: кога ќе отиде со својот ближен во гората да сече дрва, па замавне со секирата во раката за да го кутне дрвото, железото летнува од дршката и го погаѓа неговиот другар, па тој загинува: таквиот убиец нека пребега во еден од тие градови, и ќе го спаси животот.

6. Инаку крвниот одмаздник, гонејќи го во својот бес убиецот кога патот би бил предолг - би можел да го стигне гонетиот и да го погуби, иако тој не заслужил смрт, бидејќи не го мразеше отпорано убиениот.

7. Затоа ти наредувам оддвои три града!

8. А кога Господ, твојот Бог, го прошири твоето подрачје, како што им се заколна на твоите татковци, и ти ја даде целата земја која им ја вети на твоите татковци,

9. и ако ги пазиш и вршиш сите овие заповеди што ти ги заповедав денес, и Го љубиш Господа, својот Бог, и одиш по Неговите патишта за сето време - тогаш кон овие градови додај уште три града:

10. така не ќе се пролева невина крв во твојата земја која ти ја дава Господ во наследство, и не ќе се извалкаш со крв.”

11. „Но ако некој го мрази својот ближен и го дебне, скокне на него и го убие, а потоа избега во еден од тие градови,

Втзакон. (5 Moj.) 19