Втзакон. (5 Moj.) 18:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. И така, нека немаат наследство меѓу своите браќа: Господ е нивно наследство, како што и им рече.

3. Ова нека биде свештеничка награда од народот - од оние што принесуваат жртва, било тоа да се говеда или овци, на свештеникот треба да му се дадат плешките, вилиците и желудникот.

4. Давај му и првина од своето жито, од своето вино, од своето масло и првината од волната на своите овци,

5. зашто него го избра Господ, твојот Бог, од сите твои племиња; него и неговите синови, за да стојат засекогаш пред Господа, твојот Бог, па да обавуваат служба и да благословуваат во името на Господа.

6. Ако некој левит, кој престојува во некој твој град, каде и да е во Израел, посака со сета своја душа да дојде во местото што го избра Господ,

7. може да служи таму во името на Господа, својот Бог, како и другите негови браќа, левити, кои служат таму пред Господа.

8. Нека јаде еднаков дел како и другите, без обѕир на продадениот татков имот.”

Втзакон. (5 Moj.) 18