Втзакон. (5 Moj.) 17:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И нека нема многу жени, за да не му тргне срцето по суета; и нека не натрупува за себе купови сребро ни злато!

18. А кога ќе седне на царскиот престол, нека го препише за себе на свиток овој Закон од свештениците левити.

19. Нека го држи покрај себе; нека го чита во секое време на својот живот, за да научи да се бои од Господа, својот Бог, за да ги пази сите зборови на овој Закон и да ги врши овие одредби;

20. за да не се издигне со срцето над своите браќа и за да не сврти настрана од оваа заповед ни десно ни лево, за да би царувал долго, тој и неговите синови, во Израел.”

Втзакон. (5 Moj.) 17