1. „Вие сте синови на Господа, својот Бог. Не правете си врз себе врезаници ниту потстрижувања на челото за покојникот.
2. Па ти си народ посветен на Господа, својот Бог; Господ те избра тебе меѓу сите народи на земјата за да бидеш Негов народ, Негова сопственост.
3. Не јадете ништо нечисто.
4. Ова се животните што можете да ги јадете: волот, овцата, козата,
5. еленот, срната, срнчето, козорогот, антилопата, биволот и дивата коза;
6. можете да го јадете секое животно што има раздвоени копита - сосем раздвоени надве - и што прежива.