Втзакон. (5 Moj.) 11:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Вашите очи ги видоа сите тие големи дела што Господ ги направи.”

8. „Затоа пазете ги сите заповеди што ви ги наредувам денес, за да бидете силни па да ја земете во сопственост земјата во која одите да ја освоите;

9. најпосле, за да живеете долго во земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство - земјата во која течат мед и млеко.

10. Зашто земјата во која одиш да ја земеш во сопственост не е како Египетската Земја од која излеговте, каде, откако ќе го посееше семето, требаше да го напојуваш со својата нога како што се напојува зеленчукова градина.

Втзакон. (5 Moj.) 11