1. „И така, љуби Го Господа, својот Бог, и врши ги во сите дни Неговите наредби, Неговите закони, одредби и заповеди.
2. Вие, а не вашите синови, кои не ги запознаа и не ги видоа поуките на Господа, вашиот Бог, денес се уверивте во Неговото величие, во Неговата силна рака, во испружената мишка,
3. за Неговите знаци и за делата што им ги направи, среде Египет, на фараонот, египетскиот цар, и на целата негова земја;
4. што им стори на египетската војска, на нивните коњи и на колите; како ги преплави со водите на Црвеното Море кога ве гонеа, и како ги сотре до денешниот ден;
5. што стори за вас во пустината додека не стигнавте до ова место;
6. што направи со Датан и Авирон, синовите на Елиав, Рувимовиот потомок, кога земјата ја отвори својата утроба па ги проголта среде целиот Израел нив и нивните семејства, нивните шатори и сè што имаа.
7. Вашите очи ги видоа сите тие големи дела што Господ ги направи.”