Тит 3:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А избегнувај ги: глупавите распрашувања, родословијата, расправиите и препирките по однос на Законот, зашто се неполезни и суетни.

10. Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто опоменување,

11. знаејќи дека таквиот човек се изопачил и дека греши, та се осудил сам себеси.

12. Кога ќе ги пратам при тебе Артема или Тихик, побрзај да дојдеш при мене во Никопол, зашто решив да презимувам таму!

Тит 3