Судии 21:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Внимавајте, па кога девојките од Сило ќе излезат да играат во танец, вие излезете од лозјата, грабнете си секој за себе жена од силоските ќерки па одете си во Венијаминовата Земја.

22. А кога нивните татковци и нивните браќа ќе дојдат да се жалат на вас, ние ќе им речеме: Простете им заради нас, зашто не им зедовме за секој по една жена во војната; а и сега вие не им ги дадовте, па да бидете виновни.’”

23. Венијаминовите синови направија така, и од девојките кои ги грабнаа зедоа онолкав број жени колку што ги имаше нив. Тогаш си отидоа и се вратија секој во своето наследство, пак изградија градови и се населија во нив.

24. Тогаш Израелците се разотидоа, кој во своето племе и во својот род, и секој оттаму се врати во своето наследство.

25. Во тоа време немаше цар во Израел, и секој го правеше тоа што му се чинеше дека е справедливо.

Судии 21