4. Леви, мажот на убиената жена, зеде збор: „Дојдов со наложницата во Венијаминовата Гаваја за да преноќам.
5. А граѓаните на Гаваја станаа против мене и ноќе ја опкружија куќата во која што бев; сакаа да ме убијат мене, а мојата соложница ја изнасилија така што умре.
6. Затоа ја зедов мртвата соложница, ја исеков на делови и ја испратив во сите краишта на Израелевото наследство, зашто направија беззаконие и срамно дело во Израел
7. Ете, сите вие, Израелеви синови, разгледајте го делото и одлучете тука.”
8. Сиот народ стана како еден човек, говорејќи: „Никој од нас нека не се враќа во својот шатор, никој нека не се враќа во својата куќа!