Судии 20:36-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. Венијаминовите синови видоа дека се победени. Луѓето Израелци се повлекоа од своите бојни редови пред Венијамина, надевајќи се на заседата што ја поставија околу Гаваја.

37. А оние кои беа во заседата се нафрлија брзо против Гаваја и, откако влегоа во неа, ги исекоа со остар меч сите жители.

38. Израелевите мажи се беа договориле со оние од заседата, тие да кренат столб од дим од градот како знак:

39. тогаш Израелевите мажи ќе се повлечат од бојот. Венијамин почна да ги убива Израелците и им исече триесет луѓе, и си рекоа: „Навистина, паѓаат пред нас како во поранешниот бој.”

Судии 20